Барселона вчера одигра нерешено 2-2 во Виго кај Селта, и покрај тоа што имаа предност до 82. минута со 0-2. И кога се чинеше дека ќе дојдат до нова победа, Селта со брзи два гола се врати во мечот, и му откина два бода на каталонскиот гигант.
Навивачите на Барселона тешко се соочија со овој кикс во Виго, особено на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и побараа од Лапорта да го продаде веќе во јануари.
Станува збор за Френки де Јонг, кој влезе во игра на средината на вториот дел, а навивачите се убедени дека токму со неговиот влез се тргнало наопаку, и дека Холанѓанецот одиграл очајно.
Frenkie de Jong eres una vergüenza pic.twitter.com/gou3PqpiTC
— . (@lisbett_fcb) November 24, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА