Баер Леверкузен ќе биде без Јонас Хофман до крајот на 2024 година, потврди во саботата германскиот шампион. Напаѓачот на „аспирините“ е повреден и нема да му биде на располагање на тренерот Чаби Алонсо.
„Хофман има истегнување на мускулот на левата нога. Тој се повреди на вчерашниот тренинг во пресрет на првенствениот натпревар против Хајденхајм. Дијагнозата му беше потврдена по прегледите. Се очекува Јонас да се врати на теренот во јануари 2025 година“, се вели во соопштението на Баер.
Леверкузен е четврти во Бундеслигата, со девет бода помалку од Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА