Екипата на Лестер Сити добива нов тренер, откако денеска беше соопштено дека се разделиле со Стив Купер после вчерашниот пораз од Челси.
Клубот исто така го напуштаат и неговиот помошник Алан Тејт и аналитичарит Стив Рандс.
Додека не добие нов предводник, Лестер ќе биде воден од Бен Досон, како и Дени Алкок и Енди Хјуз.
„Се надеваме дека процесот за назначување на нов тренер ќе го завршиме наскоро“, стои во соопштението на Лестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА