„Црвено-црна“ радост: Вардар му го нанесе првиот пораз на Алкалоид (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар дојдоа до победа во дербито над Алкалоид со 29-27, и му го нанесоа првиот пораз на водечкиот на табелата.

„Црвено-црните“ одиграа фантастичен натпревар, а избраниците на Кире Лазаров колку и да стигнаа во финишот до „егал“, сепак, Вардар беше со посилни нерви, успеваше да реализира и да се одлепува, а Алкалоид правеше грешки, особено во реализацијата.

По првиот дел Вардар имаше позитива во еден момент од три разлика (5-2), но Алкалоид успеваше да се врати, па со серија од 0-4 тие беа во водство. Двата тима до крајот на полувремето се менуваа во водство, за на крајот „црвено-црните“ да имаат предност од 15-13.

Во вториот дел Вардар константно беше во предност, а Алкалоид само успеваше да израмнува четири пати. И, кога не успеваа гостите да дојдат до предност, тоа го искористи Вардар па со брзи три гола веднаш се одлепуваше и доаѓаше до голема предност која на крајот се покажа недостижна, и покрај големата желба да се избегне поразот.

Еспиња имаше 12 интервенција, Хорика постигна седум голови. На другата страна Галевски 10 одбрани, а најефикасен кај Алкалоид Марко Митев со пет погодоци.

„Црвено-црните“ ја прекинаа серијата на Алкалоид која траеше 14 меча со победи.

Се вчитува...