Аморим се соочи со реалноста: Уште долго ќе патиме…

Ерата на Рубен Аморим на клупата на Манчестер Јунајтед започна со реми и тоа против повратникот во Премиерлигата, екипата на Ипсвич. „Црвените ѓаволи“ постигна гол по само 81 секунди игра, но како што одминуваше средбата, проблемите излегоа на виделина па домаќините стигнаа до реми, за нив шестто во сезоната.

Португалскиот стратег се соочи со реалноста и побара од навивачите да бидат трпеливи бидејќи ќе треба време додека овој тим се прилагоди на неговите замисли.

„Тешко е да очекуваме нешто сега. Не се изненадив што играчите се мачеа… Долго време ќе се мачиме и ќе се обидуваме да победиме натпревари. Ќе ни треба време, но и знам дека мораме да победуваме натпревари“, порача Аморим.

Се вчитува...