Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина и се одмазди на Хрватска за поразот во третото коло од квалификациите за Евробаскет 2025. На домашен терен славеше со 20 поени и се најде на чекор до пласман на континенталниот собир.
По натпреварот еден од најдобрите кошаркари во босанските редови, Џанан Муса откри дека мајката на неговиот соиграч, Адин Врабац се бори за животот во болница.
„Ќе ви откријам една вистина. Мајката на Врабац е моментално во болница каде се бори за живтот и се надевам дека ќе биде се во ред. Сакам да и посакам се најдобро“, започна Муса па продолжи:
„Амар, Кенан и јас имавме тешки повреди. Ги молев да дојдам. Амар и Кенан исто. Мислам дека се е кажано со тоа, имавме многу проблеми. Луѓето не отпишаа по Загреб. Ги читав и хрватските медиуми кои пишуваа дека уште поубедливо ќе не добијат. Гледам дека е победа со поголем разлика, но за нас“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА