Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа пад од 326 места на последниот АТП ранкинг и во моментот е на 1304. позиција на табелата. Големиот пад на Македонецот се должи и на тешката повреда која го оддалечи од терените шест месеци.
Пад од две места забележа и Горазд Србљак кој во моментот е на 1150. позиција.
Во женската конкуренција пад од едно место забележа најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа. Таа во моментот е на 287. место, додека за четири места напредуваше Магдалена Стоилковска кој е на 1163. позиција.
На светско ниво Јаник Синер останува тенисерот број еден, додека во женска конкуренција на врвот се уште се наоѓа Арина Сабаленка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА