Бразилецот Нејмар во 2017 година реализираше мега трансфер од Барселона во ПСЖ вреден 222 милиони евра, трансфер кој и ден денеска претставува рекорд.
Нејмар во првите три години во ПСЖ заработи 70 милиони евра, а во следните три 90 милиони евра само преку плата. Неговите бонуси му донесоа и дополнителна заработка, а еден од нив е стварно бизарен, открива поранешниот фудбалер Луис Брајон.
„За најлудата клаузула за која имам слушнато е таа на Нејмар во ПСЖ. Човек кој што беше дел од тимот во времето на Лео Меси, Нејмар и Мбапе, не сакам да го откријам неговото име, ми кажа дека Нејмар имал клаузула во договорот според која добивал бонус од 200 илјади евра за аплауз на навивачите по крајот на натпреварот“, откри Брајон.
Пред преминот во Ал Хилал, Нејмар одигра 173 натпревари за ПСЖ. Постигна 118 голови и 77 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА