Меси и Роналдо го врбуваат Фати

Младиот шпански крилен фудбалер Ансу Фати кој беше најавен како „новиот Меси“ и по заминувањето на аргентинецот од Барселона ја превзема популарната „десетка“ на грбот не го исполни потенцијалот. Причина за тоа се честите повреди поради кои го загуби местото во каталонските редови, а потоа не се снајде ниту во Брајтон каде беше испратен на позајмица.

Се поверојатно е дека Фати ќе замине од Барселона во јануари, а голема е веројатноста дека кариера ќе ја оживува заедно со поранешниот соиграч Лео Меси или пак со неговиот голем ривал Кристијано Роналдо.

Интер Мајами и Ал Хилал покажуваат голем интерес за ангажман на фудбалерот кој со Барселона има откупна клаузула од една милијарда евра. Јасно е дека каталонците нема да стигнат до оваа сума, но со оглед на неговите примања и незадоволството од неиграње било каков трансфер би бил успех за славниот шпански клуб.

Се вчитува...