Поразот на Македонија на гостувањето кај Литванија во четвртото коло од квалификациите за Евробаскетот 2025 ќе остане вечно запомнет како вечерта во која блесна Ненад Димитријевиќ. Македонскиот бек постигна 43 поени за 29 минути поминати во игра, но го пропушти крајот на средбата поради повреда.
Без Димитријевиќ на паркетот Литванците го скршија македонскиот отпор па стигнаа и до убедлива победа. На преконференцијата за медиуми тактиката ја откри селекторот Римас Куртинаитис кој изјави дека знел дека Димитријевиќ не е семоќен па сам да го добие натпреварот.
„Стратегијата беше да играме агресивно во одбраната 40 минути. Се разбира, не беше лесно во првото полувреме бидејќи Македонија постигна голем број на поени, но ние бевме подготвени за целиот натпревар. Не се грижевме за играта на еден противнички кошаркар затоа што знаевме дека е невозможно сам да не победи. Беше важно да ги сопреме другите добри шутери и успеавме во тоа“, изјави литванскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА