Невил: Гваридола немаше да остане во Сити ако не му ветиле бомбастични засилувања

Пеп Гвардиола стави крај на дилемите за неговата иднина потпишувајќи нов договор со Манчестер Сити кој е со важност и за следните две сезони кој значи дека шпанскиот сратег ќе остане една деценја на „Етихад“.

Со оглед на резултатите кои ги бележи во последниот период постоеа гласини дека раководството ќе се одлучи да промена и крај на една ера, но сега ситуацијата е променета.

А, без разлика што останува Гваридола, неизбежно е Манчестер Сити да заврти нов лист во својата историја со реконструкција на играчкиот кадар. Тоа го очекува и Гери Невил кој новиот договор го прокоментира од свој агол.

„Ако Сити ја освои титулата во Премиерлигата, тоа ќе биде најголемата премиерлигашка титула освоена од Гвардиола. Поради се што досега видовме. Мислам дека ќе бидат актини во јануари и ќе добијат играч од средниот ред, тоа е број еден. Ама за да го натераат Пеп повторно да остане, тие очигледно му ветија одличен договор, но мора да му ветиле и реинвестирање следното лето што е доста спектакуларно и реконструкција на овој тим.

Мислам дека ќе го чекаат тоа. Мислам дека нема да видиме два, три или четири засилувања во јануари, можеби само еден за да се реши проблемот со средниот ред“, анализираше Невил.

Се вчитува...