Македонскиот таеквондист Христијан Симоновски оствари нов голем успех во кариерата освојувајќи го бронзениот медал на турнирот „Босна Опен Г1“.
Во првата борба тој убедливо 2-0 во рунди го совлада Јосип Беванда од Босна,потоа се сретна со искусниот Роузмонд Нолхан од Франција кој исто така успеа да го совлада 2-0 во рунди со што се пласираше во полуфиналето каде после тешка борба која траеше 3 рунди загуби во последните секунди од страна на Ел Јасин од Белгија што резултираше со бронзен медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА