Кевин де Брујне во последните години важи за незаменлив дел од еден од најдобрите тимови на денешницата, Манчестер Сити. Договорот на диригентот на „граѓаните“ сепак истакува на крајот на сезоната, а дали ќе трне по стапките на Пеп Гвардиола и ќе ја продолжи соработката останува отворено прашање.
Белгрискиот репрезентативец кој неодамна се врати од повреда вели дека во моментот приоритет не му е потпис на нов договот, туку враќање на формата со цел да му помогне на својот тим кој е во серија од пет порази.
„Се фокусирав на рехабилитацијата откако се повредив. Сега сакам само да бидам што подобар и да видам како ќе се чувствувам, а другото ќе си дојде самото од себе. Ќе има преговори, но навистина не знам. Ќе видиме“, изјави Де Брујне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА