Поминаа точно 638 дена откако Преснел Кимпембе го одигра последниот натпревар за ПСЖ. 29-годишниот француски стопер го напушти теренот во февруари минатата година за време на натпреварот против Олимпик Марсеј .
Дијагнозата беше пукната Ахилова тетива, но никој не очекуваше дека во тој момент еден од најдобрите и најстандардни стопери во светот може да остане без фудбал речиси две години. Меѓутоа, бидејќи се работи за недоволно залечена повреда доживеана три месеци претходно, и опоравувањето беше долго и напорно.
Кимпембе конечно се врати на тренинзите минатиот месец, по едно од најдолгите отсуства поради индивидуална повреда во последно време. А тренерот Луис Енрике сега првпат го вклучи во тимот по тој кобен натпревар. Впрочем, го вклучи и за прв пат откако е на клупата на францускиот шампион. Тој е вклучен во тимот за натпреварот против Баерн, и тоа значи дека е на располагање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА