Италијанските медиуми шпекулираат за Лука Јовиќ, српскиот напаѓач кој не добива вистинска шанса кај новиот тренер на Милан, Пауло Фонсека. Србинот не е пријавен во Лигата на шампионите, а игра симболично во Серија „А“, би можел веќе во зимскиот преоден рок да си замине од „Сан Сиро“.
Сепак, можно е да остане дел од Милан до лето, а потоа да нарпави трансфер. За него се заинтересирани екипите на Виљареал и на Торино. Има интерес и од Саудиска Арабија, но Јовиќ би сакал да остане во Европа.
Јовиќ во минатото беше дел од Ајнтрахт Франкфурт, па потоа замина во Реал Мадрид, и се пресели во Фиорентина, од каде дојде во Милан во 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА