Реал Мадрид ја потврди повредата на Винициус Жуниор на левата нога, здобиена во победата против Леганес (3-0). Поради тоа, Бразилецот ќе биде надвор од терените еден месец.
„Марка“ пишува дека оваа ситуација може да биде од корист за Килијан Мбапе, кој конечно ќе игра на својата природна позиција, лево крило. Се очекува на мечот од Лигата на шампионите против Ливерпул таа позиција да ја заземе Мбапе, додека во шпицот од нападот би можел да игра 18-годишниот Ендрик, а на десно крило Брахим Дијаз.
Оваа сезона, на 17 настапи за Реал, Мбапе постигна девет гола и забележа две асистенции, главно против послабите противници. Останува да видиме дали промената на позицијата ќе го зголеми неговиот учинок против посилните тимови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА