Денвер Нагетс претрпеа тешок пораз на домашен терен од Њујорк со 118-145 со што продолжи лошата форма на тимот од Колорадо на стартот на сезоната.
По средбата критики кон кошаркарите упати тренерот Мајк Мелоун кој ги издвои ѕвездите Џамарл Мари и Никола Јокиќ од кои очекува да бидат повокални на теренот и да ја превземат лидерската улога.
„Расел беше гласен, но ми треба повеќе од самиот Вестбрук. Ми треба Никола Јокиќ да биде гласен, Џамал Мареј, стартерите. Денеска се посрамотивме. Да бидеме искрени. Тоа што се слуи денеска во четири четвртини и првото полувреме против Далас… Говориме за залагањето по 16 натпревари, тежината, физикалноста, првиот натпревар во Мемфис. Што сакаме ние да бидеме како тим?“, изјави Мелоун по кој за медиумите говореше и Јокиќ, сложувајќи се со изјавата на тренерот.
„Во прво е. На сите натпревари сме во ситуација да губиме по 20 поени на полувреме. Треба да сфатиме дека проблемот е во загревањето и тоа што не се будиме или единствено што не играме доволно цврсто. Не знам што е точно, но мора колективно подобро да си ја завршиме задачата“, додаде Србинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА