Голманот на Тотенхем, Гуљиелмо Викарио ќе отсуствува од терените неколку месеци, откако заработи повреда на мечот со Манчестер Сити, кој неговиот тим го доби со 0-4 на „Етихад“.
Тој вчера беше подложен на операција, а призна дека играл 60 минути со скршена коска на зглобот, но остана до крајот на натпреварот на голот.
„Играв 60 минути со скршена нога на зглобот, давајќи се што можам за тимот. За жал, немаше друг начин да се реши овој проблем, освен да се направи операција. Разочаран сум што нема да можам да му помогнам на тимот некое време. Огромна благодарност до лекарите и персоналот. Операцијата мина добро и од утре ќе работам да се вратам посилен. Благодарам на навивачите на Спарс за поддршката“, напиша Италијанецот на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА