Ливерпул, Баерн Минхен, Барселона… се само дел од клубовите кои се заинтересирани за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, египетскиот интернационалец Омар Мармуш.
25-годишниот голгетер го сврте вниманието кон себе со одличниот почеток на сезоната. Веќе има 14 голови зад своето име, и се редат понудите за играчот. Меѓутоа од Ајнтрахт имаат други планови.
Тие исто така сакаат да му го продолжат договорот на Египѓанецот, со цел да извлечат повеќе пари за него. Актуелниот договор на Мармуш е до 2027 година, но интересот ќе ги натера да му ја зголемат платата ако сакаат да го задржат барем уште некое време во Франкфурт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА