Лука Јовиќ итно опериран, се враќа дури следната година

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ беше опериран во вторник наутро во Белград и оваа година за него заврши кога е фудбалот во прашање.

Оваа вест на својот официјален сајт ја потврди неговиот клуб Милан, кој наведува дека операцијата насочена кон решавање на проблемот со препоните поминала совршено.

– Јовиќ ќе остане во Белград осум дена на опоравување, по што ќе се врати во Миланело, каде ќе започне програма за рехабилитација со цел да се врати. Времето за опоравување се проценува на четири недели – се вели во соопштението на клубот.

Јовиќ оваа сезона слабо игра за „росонерите“, а исто така не беше пријавен ниту за настапите во Лигата на шампионите. Има шпекулација дека ќе си замине, а за него се интересираат клубови од Саудиска Арабија, како и Виљареал и Торино.

Се вчитува...