Слот за Салах: Реков, договори нема да коментирам

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот ја коментираше ситуацијата околу новиот договор на Мохамед Салах. Египѓанецот има договор до крајот на сезоната, а никој досега не го контактирал за продолжување на соработката.

Тренерот на Ливерпул рече дека нема да коментира договори, туку само ќе ја гледа работата на играчите на теренот.

„За иднината на  Мохамед Салах нема да коментирам. Нема да коментирам договори за играчите. Тоа не е моја работа. Само можам да кажам дека Салах е повеќе во тимот, отколку надвор во него. Тоа нешто значи“, рече Слот.

Се вчитува...