Столе Димитриевски конечно ќе добие шанса за блесок на голот на Валенсија, откако македонскиот голман беше избран како стартер за вечерашниот дуел од Копа дел реј против Парија.
Македонецот требаше да биде големо засилување на Валенсија сезонава, но ситуацијата се промени откако во „пет до дванаесет“ управата на клубот се реши да го задржи Мамардашвили уште една година, на позајмица по реализираниот трансфер во Ливерпул.
Димитриевски беше резерва на сите досегашни средби во Ла Лига, но вечерва ќе добие шанса во Копа дел реј, натпреварување во кое се очекува Македонецот да биде стартер не само на овој, туку и на наредните натпревари на „лилјаците“.
📝Here’s our starting XI 🆚 @ParlaEscuela #ParlaEscuelaVCF pic.twitter.com/joKkQ6Wot2
— Valencia CF (@valenciacf_en) November 26, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА