ЛШ: Гол-шоу на Атлетико во Прага, „росонерите“ ја освоија Братислава

Милан и Атлетико Мадрид прокнижија нови бодови во Лигата на Шампионите откако овие две екипи на гостински терен славеа против Слован Братислава, односно Спарта Прага.

„Росонерите“ поведоа кон средината на првото полувреме во Братислава преку Пулишиќ, но Слован експресно израмни преку поранешнито фудбалер на Вардар, Барсегјан, кој реализираше контранапад по катастрофалната поставеност на одбраната на „росонерите“, која беше без играч да покрие по корнерот на италијанскиот гигант, по што следеше фуриозен контранапад крунисан со гол од Барсегјан.

Фонсека во второто полувреме го уфрли Леао и токму овој фудбалер реализираше за 1-2, пред Абрахам да стави крај на сите дилеми околу победникот на овој меч, по големата грешка при едно повратно додавање на Стрелец. Слован до крајот успеа да постигне утешен погодок, преку Марчели во 89. минута, но словечкиот тим немаше сили за целосен камбек и чудо против „росонерите“ и дуелот во Братислава заврши со 2-3 за Милан.

Атлетико Мадрид триумфираше во Прага над Спарта со 0-6, меч во кој во главна улога беше Хулијан Алварез. Аргентинскиот репрезентативец го отвори резултатот со еврогол од слободен удар, на 0-2 пред крајот на полувремето зголеми Љоренте, а за 0-3 повторно стрелаше Алварез, со својот втор гол на натпреварот. Последните три гола на натпреварот беа дело на „резервистите“ Гризман и Кореа (два погодоци), кои ставија печат на ова импресивно издание на тимот на Диего Симеоне.

Се вчитува...