Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, тешко го прифати „ремито“ од 3-3 со Феенорд во Лигата на шампионите. Неговиот тим водеше убедливо со 3-0, но на крајот не успеа да го забележи првиот успех во шест натпревари.
Менаџерот на „граѓаните“ не можеше да објасни што се случило и претпостави дека се работи за психолошки проблем кај неговите играчи.
„Се беше во ред до 3-0. Потоа примивме многу наивни голови бидејќи не бевме стабилни. Им го подаривме првиот, па вториот, па стана тешко. Во последно време загубивме многу натпревари. Премногу сме кревки, па ни требаше победа за да ја вратиме самодовербата, работевме добро, но… Не знам дали проблемот е психолошки. Првиот гол е неприфатлив да се прими, вториот исто така. Потоа заборавивме се и нападнавме да ја потврдиме победата. Играме добро, но не победуваме.“, додаде Шпанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА