Тренерот на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо ги искажа своите очекувања од натпреварот со Веспрем во Лигата на шампионите.
Алонсо смета дека Веспрем е една од најдобрите екипи во Европа, со играчи од светска класа. Напоменува дека ќе биде тешко, но дека посакува неговиот тим да биде на висината на задачата.
„Веспрем е меѓу најдобрите екипи во Европа со години, имаат долга историја и супер-екипа покриена со играчи од светска класа. Не е лесно да се подготват сите детали за овој натпревар. Имаме три дена за подготовка и ќе се припремиме најдобро. Тешко е да се игра пред фановите на Веспрем, гледачите вршат голем притисок и многу е важно да бидеме најдобри и со добар пристап. Одиме таму за да бидеме во секој дел од натпреварот на висината на задачата. Да го намалиме играчкиот недостаток на минимум. Чави Пасквал е мој познаник со години и чест е да се игра против него. Сум играл неколкупати против неговите екипи и сите знаат дека е меѓу најдобрите тренер во светот. Освои многу трофеи со Барселона и тоа ќе биде голем предизвик за мене“, рече Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА