Македонскиот шампион Е. Пелистер утре од 18:45 часот го очекува гостувањето на унгарскиот Веспрем во новата рунда натпревари од Лигата на шампионите.
„Пелистерци“ по претхдниот позитивен ритам веруваат дека може да парираат на европскиот гигант, иако е јасно дека Унгарците ја носат фаворитската улога пред своите навивачи.
„За мене ова е прво враќање по заминувањето од Веспрем и специјален натпревар за мене. Ќе биде тешко, но ќе се бориме и ќе се обидеме да им отежнеме и ако се укаже прилика и да извлечеме позитивен резултат. Деновиве се спремаме специјално за Веспрем и верувам во добар натпревар“ – вели Дејан Манасков и дополнува:
„Шансите за осминафинале се тука, ќе се бориме за бодови на секој натпревар и добро е што сите опции зависат од нас. За мечот со Висла ќе бидеме уште поспремни и работите кои ги бара новиот тренер ќе бидат појасни. Ќе се воиграме и верувам дека ќе ја минеме групата“.
Што се однесува до унгарскиот тим…
„Веспрем има на секоја позиција ракометари од светска класа, имаат ротација и проектирани се за големи работи. Играњето за Веспрем значи битка за освојување на сите трофеи, па и годинава е така. Играат на домашен терен и тешко е да се игра во таа сала. Публиката е гласна, но спортски е да се надеваме и да се бориме до последниот атом од силите“ – вели Манасков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА