Првиот врховен судија во пинг понг од Македонија, Ангелина Иванова деновиве е во Хелсингборг, Шведска на Светско младинско првенство во пинг понг во улога на заменик врховен судија. Иванова позади себе има многу меѓународни, европски и светски првенства кои зборуваат за нејзината успешност.
Иванова е предводник на организацијата на меѓународните натпревари кои се организираат во државата, како што се трипати по ред меѓународните младински натпревари, од серијата World Table Tennis (WTT), Европското првенство за играчи до 21 година кое се одржа во јануари 2024 во Скопје.
Исто така, Ангелина Иванова ќе ја предводи организацијата на првиот WTT светски натпревар за сениори закажан за јуни 2025 година во Скопје.
Покрај во играчки и тренерски кадар, Пинг понгарската федерација на Македонија вложува и во судиски кадар. Федерацијата постојано обучува и сертифицира национални судии, а дел од нив веќе стануваат и меѓународни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА