Дејвид Кут од еден од најценетите англиски судии, преку многу контроверзии поврзани со него последните години, сега пред завршување на кариерата.
Како што е познато, неодамна беше суспендиран откако на социјалните мрежи се појави видео во кое зборува отворено против Ливерпул и претходниот негов менаџер Јирген Клоп. Следеше и објавување видео кај што конзумира бела прашкаста материја, а сега последно е обвинувањето дека намерно му доделил жолт картон на македонскиот репрезентативец Џани Алиоски како дел од обид за обложувачка измама во 2019 година.
На мечот меѓу Лидс Јунајтед и ВБА во Чемпионшиплигата Кут му доделува жолт картон на Алиоски. Англиските медиуми објавуваат разговори на Кут со негов познаник, пред тој натпревар, кој побарал да го санкционира Алиоски. По мечот, наводно, Кут му порачал на пријателот дека ја завршил работата.
Но, Дејвид Кут веднаш ги негираше овие обвинувања…
„Силно ги отфрлам овие лажни и клеветнички наводи. Без оглед на проблемите што ги имав во мојот личен живот, тие никогаш не влијаеле на моето одлучување на теренот. Отсекогаш сум го почитувал интегритетот на играта, судејќи ги натпреварите непристрасно и најдобро што можам“ – истакна Кут во соопштението до јавноста.
David Coote faces a betting probe after allegations of match fixing during LUFC v West Brom in 2019.
His friend told him to book Alioski during the match, and after the game Coote replied to his mate, saying “I hope you backed, as discussed”
Incident below: pic.twitter.com/KPhALxRSVz
— 🇮🇨🦚 (@BielsaLUFC) November 27, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА