Крајно непосакувани инциденти на само неколку часа пред почетокот на вечерашниот натпревар меѓу Црвена звезда и Штутгарт во Лигата на шампионите.
На улиците во Белград масовни инциденти меѓу навивачи на двата клуба, кои наидоа на силна осуда од државните институции, но и белграѓани.
Според неофицијални информации, навивачи на Црвена звезда нападнале група навивачи на Штутгарт. Во овој случај, германските навивачи наводно ја прифатиле понудата за пресметка кој прераснала во физички конфликт. На крај интервенираше и полицијата приведувајќи дел од зовриените навивачи од двете страни…
Delije pretukle navijače Štutgarta pic.twitter.com/5csa57kCpy
— FantomBeograda (@FantomBeograda) November 27, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА