И официјално, а сосема очекувано, младата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал е добитник на годинашната награда „Златно момче 2024“ за најдобар млад фудбалер на светот која традиционално ја доделува италијански „Тутоспорт“.
Согласно номинациите, меѓу 25 имиња кои беа на финалниот список, Ламине Јамал убедливо го доби признанието за оваа година. И претходните три години добитници на наградата беа фудбалери од шпанската Ла Лига како Џуд Белингам од Реал Мадрид и Педри и Гави од Барселона.
🚨🚨| OFFICIAL: Lamine Yamal wins the Golden Boy Award 2024! 🇪🇸⭐ pic.twitter.com/4SPp7dWSwT
— CentreGoals. (@centregoals) November 27, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА