Пикси ќе си поднесе оставка, славен италијански тренер седнува на клупата на Србија

Драган Стојковиќ – Пикси е многу блиску до заминување од кормилото на Србија, и тоа самиот да си поднесе оставка откако успеа да забележи неколку добри резултати и да го намали притисокот што беше огромен по фијаското на ЕВРО 2024.

Пикси има договор со над еден милион евра годишна плата поради што Србите не планираат да го отпуштат, но сега самиот стручњак сака да си замине откако добил примамлива понуда од Азија. Детали околу тоа дали е клуб или репрезентација, како и конкретно од која земја, засега не се откриваат, но Стојковиќ ако прифати би морал да се пресели на азискиот континент од самиот почеток на 2025 година, што значи дека во наредниот период ќе мора да го раскине договорот со Српската Фудбалска Федерација.

Како што информира српски „Курир“, челниците на федерацијата веќе имаат подготвено замена за селекторската функција, и тоа од апенинскиот полуостров. Маурицио Сари е стручњакот со кого Србите веќе контактирале и наводно се блиску до постигнување целосен договор, доколку Пикси навистина си замине од кормилото на националниот тим. Поранешниот стратег на Наполи, Јувентус, Челси… нецела година е без ангажман откако си замина од Лацио поради конфликт со претседателот Лотито, тој начелно изразил подготовеност за преселба во Србија, но останува да се види разврската околу иднината на Стојковиќ пред да се влезе во финална фаза од преговорите со овој трофеен стратег.

Се вчитува...