Френк Лампард по крајот на фантастичната играчка кариера не се снајде најдобро во тренерските води. Неговиот пат започна од Дерби Каунти преку Челси до Евертон, но не забележа добри резутати со ниту еден од овие клубови.
Сега 46-годишникот се наоѓа пред нов ангажман во Чемпионшипот. Тој е во последната фаза од преговорите за превземање на Ковентри Сити каде според англиските медиуми ќе ја има и последната шанса да се естаблира како елитен тренер.
А, воопшто нема да има лесна задача да го наследи Марк Робинс кој минатата сезона го одведе овој клуб до плејофот во Чемпионшипот и полуфиналето од ФА Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА