Навивачите на Интер имаат причина за задоволство откако Дензел Дамфрис ги разреши сите дилеми околу иднината потпишувајќи нов договор со актуелниот првак на Италија.
Холандскиот десен бек пристигна на „Џузепе Меаца“ во јули 2021 година за сума од 14,25 милиони евра и се наметна како еден од најстандардните првотимци на „нероаѕурите“ во последните две-три сезони. За неговите услуги сериозен интерес покажуваа Астон Вила и Манчестер Јунајтед, но Дамфрис ја потврди лојалноста кон Интер потпишувајќи нов договор со важност до 1 јули 2028 година.
Дамфрис дебитираше за Интер есента 2021 во убедливата победа од 4-0 над Џенова, а првиот гол го постигна на дербито со Рома. Тој постигна пет погодоци во дебитантската сезона во Серија А, а досега во дресот на Интер одигра 147 натпревари, постигнувајќи 13 гола и 21 асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА