Белград вечерва е обоен во црвено-бело откако екипата на Црвена Звезда стигна до премиерната победа во новата сезона од Лигата на Шампионите, и тоа со преубедливи 5-1 на домашен терен против Штутгарт.
„Црвено-белите“ беа без бод во пресрет на овој дуел, Штутгарт важеше за фаворит, но српскиот тим одигра извонреден меч и го прегази гостинот од Германија на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград. Демировиќ прв го доведе Штутгарт во водство по само пет минути игра, но тоа беше се што гостите успеаја да сторат на овој меч. Силас во 12. минута израмни на 1-1 постигнувајќи гол против поранешниот клуб, стрелец за 2-1 беше Круниќ, а Иваниќ одлично се снајде по еден корнер и зголеми на 3-1.
Гостите целосно се отворија, а Црвена Звезда знаеше како да го искористи тоа и со два гола преку резервистот Радоњиќ ја запечати судбината на Штутгарт, за фешта меѓу домашните фанови во Белград.
Џирона претрпе нов пораз во Лигата на Шампионите, губејќи со 1-0 на гостувањето против Штурм. Бојан Миовски беше стартер, не успеа да се запише меѓу стрелците, а Штурм до победата стигна со гол во второто полувреме, дело на Бирет во 58. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА