Ливерпул одигра извонредно и заслужено славеше на дуелот со Реал Мадрид, но последните секунди од натпреварот донесоа огромен проблем за Арне Слот, откако повреда заработи Ибу Конате.
Францускиот репрезентативец одигра перфектен меч, во последните минути беше неколку пати фаулиран од младиот Ендрик, а токму во самата завршница настрада, па по последниот свиреж на судијата остана да лежи на теренот.
Првата лекарска помош не вроди со преголем плод, Конате едвај го напушти теренот, па големи се шансите тој да не може да настапи на претстојното дерби со Манчестер Сити што е на програмата в недела.
Konaté se retiró de la cancha con mucho dolor. No se ve nada bien. Hay que esperar que no sea nada serio. pic.twitter.com/3VtHmHLhJI
— LFC Español (@LFCEspanol) November 27, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА