Ристовска пред премиерата на ЕП: Ние играме трпеливо, на Шведска тоа не и одговара…

Македонија ќе ја има улогата на аутсајдер на вечерашниот премиерен дуел од ЕП 2024 во Дебрецин, но нашите ракометарки се решени да се обидат да ги замрсат сметките на фаворизираната Шведска.

Сара Ристовска како капитен ја има улогата на лидер на „црвено-жолтите“ во Дебрецин, а од нејзините изјави пред мечот може да се види и планот за игра на Македонија на овој прв меч – со што побавна игра да се исфрли од ритам скандинавската селекција.

„Знаеме колку ќе биде тешко, свесни сме колку е силна репрезентацијата на Шведска. Она што ќе треба да го сториме е да играме трпеливо како што знаеме, мислам дека тоа нема да им одговара на Швеѓанките кои инсистираат на брз ракомет. Ние во секој случај ќе го оставиме срцето на терен, не се задоволуваме само во учеството на ЕП, сакаме да прикажеме што подобра игра. Јас верувам во нашата екипа како капитен“, порача Сара Ристовска во пресрет на денешниот дуел.

Се вчитува...