Секоја чест: Онана ги покрил трошоците за 1.200 операции на деца од Африка

Андре Онана е една од ретките светли точки во тимот на Манчестер јунајтед оваа сезона, но камерунскиот голман уште повеќе импресионира со своето однесување надвор од теренот.

Имено, Онана е добитник на наградата за хуманитарна работа што ја доделува ФИФ Про (меѓународното здружение на професионални фудбалери), откако беше обелоденето дека тој преку својата фондација обезбедил средства за операции на 1.200 деца од различни земји ширум Африка во последните три години.

„На својот пат до Манчестер минувв низ Барселона, Амстердам и Милано, на тој пат секогаш наоѓав луѓе кои ми помагаа да се кренам, да бидам подобар отколку што сум бил. Никогаш не ја заборавам помошта што сум ја добил, поради неа чувствувам одговорност и јас да помагам на други луѓе, особено на деца на кои помошта им е неопходна“, изјави Онана.

Се вчитува...