Мијатовиќ отворено: Анчелоти веќе нема контрола над овој тим на Реал…

Поранешниот голгетер на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, отворено го критикуваше Карло Анчелоти по новиот пораз на „кралевите“ во Лигата на Шампионие, овојпат на гостински терен против Ливерпул.

Мијатовиќ не го криеше разочарувањето од изданието на „кралевите“, кои за 90 минути му дозволија на противникот целосно да доминира и заслужено претрпеа пораз.

„Мислам дека Карло Анчелоти веќе нема контрола над овој тим на Реал. Искрено ми беше жал за Реал додека го гледав натпреварот, екипата во ниту еден момент не размислуваше за камбек, беше целосно надиграна од првата до последната минута…. Не сум оптимист… не знам каква ќе биде реакцијата, не знам дали Анчелоти е способен воопшто да ги мотивира овие играчи по толку многу разочарувачки резултати од стартот на сезонава… Имам чувство дека Карло сака сите да бидат среќни, па носи одлуки кои не се својствени за него, слуша премногу гласови кои доаѓаат однадвор, се за мир внатре во тимот“, истакна Мијатовиќ.

Тој имаше сосема спротивен став кога е во прашање Килијан Мбапе, давајќи му поддршка на францускиот голгетер да влезе во топ-форма и покрај очајното издание на „Енфилд роуд“.

„Килијан е човек што подолг период е под огромен притисок, сетете се само што се му се случуваше ланската сезона кога објави дека нема да потпише нов договор со ПСЖ. Тој е млад човек и тешко се справува со притисокот, јасно е дека против Ливерпул одигра слабо, но ако го гледавте почетокот на мечот, Килијан беше максимално мотивиран, даваше се од себе… тоа ми дава верба дека наскоро ќе го надмине овој кризен период. Промашениот пенал беше шок за сите, но јас не се сомневам дека Мбапе наскоро ќе влезе во перфектна форма“, порача Предраг Мијатовиќ.

Се вчитува...