Соиграч на Столе Димитриевски се сели на „Сан Сиро“

Валенсија е екипа во која сите млади и добри фудбалери си заминуваат многу рано, нема повеќе квалитет како кога овој клуб беше редовен учесник во Лигата на шампионите и не само тоа, туку двапати игра финале во ова натпреварување.

Следниот кој би можел да оди за просечна сума од 30 милиони е Кристијан Москера. Овој стопер е одличен сезонава, Валенсија се обиде да му понуди нов договор бидејќи актуелниот му истекува во 2026 година, но шпанскиот стопер и млад репрезентативец на таа земја најверојатно на лето ќе го смени клубот.

Милан е најзаинтересиран и е подготвен да плати до 30 милиони, како што пренесуваат италијанските медиуми.

Овој играч настапуваше за шпанската репрезентација на Олимписките игри во Париз каде го освои златото, а оваа сезона Рубен Бараха не пропушти ниту една минута.

Се вчитува...