Лука Вилдоза се врати во Белград за натпреварот помеѓу Паризан и неговиот Олимпијакос па за српските медиуми говореше емотивно, потсетувајќи се на времето поминато во главниот град на Србија додека настапуваше за Црвена Звезда.
Аргентинецот се потсети и на историскиот натпревар помеѓу Партизан и Црвена Звезда, прв во Евролигата во кој токму тој ја имаше асистенцијата до Немања Недовиќ вредна победа за својот тим пред илјадници навивачи во „црно-бело“.
„Прво нешто што направив кога зачекорив во арената беше погледот кон трибината каде што беа навивачите на првото евролигашко дерби, тоа кога Немања постигна тројка за победа.
Се уште ги паметем навивачите на Партизан кои се држеа за глава во очај. Убав момент… но тоа сега е минато. Имам нова цел сега, да победам и со мојот нов тим“, изјави Вилдоза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА