Откако го назначи новиот тренер Гиљермо Милано, Вардарци го комплетираат стручниот штаб. Така нов асистент на Милано ќе биде Аугустин Франциско Бу, кој доаѓа од екипата на норвешки Колштад.
Бу работеше со норвешкиот младински шампион, но и со сениорскиот тим како аналитичар на податоци. Во минатото има работено и во репрезентацијата на Аргентина, соработувајќи со Милано.
Покрај Бу, помошник на Милано ќе му биде и Стојанче Стоилов, кој досега беше на клупата на „црвено-црните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА