Втората тенисерка во светот, Ига Швјонтек е суспендирана на еден месец поради допинг. Казната е ваква затоа што наводно Швјонтек немала намера да користи незаконски средства. Беше објавено дека Ига веќе била суспендирана во текот на септември и октомври кога не играла на азиската турнеја.
По целата ситуација Швјонтек излезе и со своја изјава:
„Конечно ми е дозволено… Сакам да го споделам со вас во моментов најлошото искуство во мојот живот. Последните два и пол месеци сум под строга процедура на ИТИА, кои ја потврдија мојата невиност. Единствениот позитвен тест во мојата кариера, кој покажа неверојатно ниско ниво на забранета супстанција за која никогаш порано не сум слушнала, го доведе во прашање сето она за што работев толку напорно во мојот живот. И јас и мојот тим мораше да се справиме со огромен стрес и анксиозност. Сега сè беше внимателно објаснето и со чисто лице можам да се вратам на она што најмногу го сакам. Знам дека ќе бидам посилна од кога било“, напиша Швјонтек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА