Чурлинов и Јагелонија во финишот испуштија победа над Целје, и пропуштија можност да останат максимални заедно со Челси (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и неговата Јагелонија испуштија триумф во самиот финиш на гостувањето против Целје во 4. коло од Конференциската лига на УЕФА.

Јагелонија имаше водство од 2-3 се до 80. минута кога домашните дојдоа до конечни 3-3 благодарение на автоголот на Диегез. Чурлинов настапи до 86. минута на средбата.

Полскиот тим на тој начин пропушти можност, заедно со Челси да бидат единствените максимални и натаму во Конференциската лига. Челси триумфираше со 0-2 на гостувањето против Хајденхејм со головите во второто полувреме на Нкунку и Мудрик.

Борац Бања Лука на Бобан Николов и Дамјан Шишковски, пак, во драматичен финиш со пресврт славеше против ЛАСК со 2-1. ЛАСК имаше водство од 51. минута, но Деспотовиќ со гол во 83. минута и Скоруп во 89. минута со два гола донесоа пресврт победа од 2-1 за тимот од БиХ.

Николов играше во стартниот тим до 57. минута од средбата, а Шишковски остана на клупата за резервни играчи.

Се вчитува...