Фудбалерите на Лацио конечно запрени во Лигата на Европа, и тоа од бугарски Лудогорец среде „Олимпико“ во Рим каде првпат сезонава не успеаја да триумфираат.
„Лацијалите“ не успеаја да го скршат отпорот на противникот кој умешно се бранеше освојувајќи бод.
Дербито меѓу АЗ Алкмар и Галатасарај исто така заврши без победник (1-1), а нерешено одиграа и Андерлехт и Порто (2-2) на средбата во Белгија. Поведе португалскиот тим преку Галено од белата точка (0-1), израмни Дегреф, а Виеира погоди за предност на Порто пред финишот. Сепак, Амузу израмни за конечни 2-2.
На останатите терени Викторија Плзен славеше кај Динамо Киев (1-2), Лион убедливо победи со Карабах (1-4), Макаби Тел Авив триумфираше кај Бешикташ (1-3), Атлетико беше подобар од Елфсборг (3-0) а ПАОК славеше во Рига кај РФС (0-2).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА