Инцидент по мечот во Белград: Барцокас во судир со помошник на Обрадовиќ, па нападнат од навивач (ВИДЕО)

Партизан славеше со 78-70 против Олимпијакос во нов драматичен меч во Евролигата синоќа во Белград, кој беше одбележан и од инцидентот по завршувањето на средбата а во кој во главна улога беше тренерот на грчкиот тим, Јоргос Барцокас.

По завршувањето на дуелот Барцокас тврдеше дека е мета на напад на еден навивач без никаква причина, поради што Олимпијакос упати официјална жалба до Евролигата. Но, на видео материјалите се гледа дека на тој инцидент му претходел уште еден.

Веднаш по сирената, во близина на записничката маса доаѓа до вербален судир меѓу Барцокас и помошниот тренер на Партизан, Владимир Андроиќ. Размената на вербални напади прерасна во физички контакт при што Барцокас го оттурнува Андроиќ.

Веднаш потоа на теренот втрчува навивач и го оттурнува тренерот на гостите кој го пријавува нападот во Евролигата.

„На крајот на мечот токму овој навивач на Партизан дојде до центарот на теренот и го нападна тренерот на нашот тим. Олимпијакос веднаш ја извести Евролигата и очекуваме соодветни санкции“ – соопштија од Олимпијакос.

Се вчитува...