Испливаа детали од тепачката во соблекувалната на Загреб: Србинот му удрил бокс на Хрватот, па…

Тежок инцидент се случи по натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Загреб и Нант. Во соблекувалната на хрватскиот шампион физички се пресметаа Милош Кос и Звонимир Срна, а двајцата беа суспендирани на неопределено време.

Клубот излезе со соопштение во кое потврдува дека Милош Кос и Звонимир Срна се отстранети од тимот и под суспензија до понатамошно известување.

Во меѓувреме се појавија и детали за конфликтот. Хрватските медиуми пренесуваат дека Србинот Милош Кос прв физички го нападнал соиграч.

„Некои соиграчи му се пожалија на Кос во соблекувалната дека не игра добро, а откако хрватскиот голман и репрезентативец Матеј Мандиќ му кажа нешто, Кос стана и го удри со тупаница во лицето! Дури и му нанесе повреда која може да го спречи да игра на Мундијалот. Закрепнувањето може да потрае четири до шест недели…Потоа интервенираа другите играчи, при што Звонимир Срна наводно неколку пати го удрил српскиот ракометар“ – откриваат хрватските медиуми.

Срна не играше поради повреда, исто како и Павловиќ и Фаљиќ, а Кос имаше ефект од 3 гола од 17 шута на последните два меча.

„Кос? Јас имам проблем, тој го има, сите го имаме. А каков проблем има тој, не знам, тоа е нешто длабоко. Не успеав да го разбудам и тоа е мојот минус. Сите играчи ми рекоа дека ја има нивната поддршка, но му требаат два-три гола во ракометот, а ние имаме нула од таа позиција“ – истакна Велимир Петрковиќ по мечот со Нант.

Се вчитува...