Бордот на ФИБА Европа одлучи: Македонија ќе биде домаќин на Европското кадетско првенство во 2025!

Состанокот на бордот на ФИБА Европа, одржан синоќа во Истанбул, ја потврди кандидатурата на Кошаркарската Федерација на Македонија за организација на младинско Европско првенство за 2025 година.

Кошаркарската Федерација ја доби довербата на ФИБА да го организира Европското кадетско првенство, дивизија Б, во машка конкуренција кое е предвидено да се одржи во периодот од 7. до 16. август идната календарска година во Скопје.

Покрај кадетската машка репрезентација, КФСМ ги пријави за учество и кадетската женска репрезентација, двете репрезентации (машка и женска) до 18 години, како и машката репрезентација до 20 години.

Се вчитува...