Српски кошаркар доживотно суспендиран поради местење натпревари

Српскиот кошаркар Никола Чирковиќ е доживотно суспендиран од овој спорт, поради местење натпревари и обложување, се вели во официјалната информација од ФИБА.

Чирковиќ во својата богата кариера, покрај во Земун каде што кошаркарски израснал, играл и во Шпанија, но и во екипите на Динамик, Вршац, Напредак, Слобода и Братунац.

Тој не е единствениот српски кошаркар кој поради истата причина се најде на списокот на доживотно исфрлени од кошарката. Во јуни доживотно суспендиран беше и кошаркарот Мирослав Пашалиќ, во март оваа година Марко Радоњиќ, а во април 2023 година суспензија заработи и Саша Аврамовиќ.

Се вчитува...