Тренерот на Елмас нема да добие отказ, и покрај слабите резултати

Тренерот на РБ Лајпциг, Марко Розе не е во опасност да добие отказ и покрај низата разочарувачки резултати во последно време. Тимот забележа четири порази и едно реми во последните пет натпревари. Тие ги загубија сите пет натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона и заостануваат осум бода зад лидерот Баерн Минхен во Бундеслигата.

Од Лајпциг истакнаа дека местото на Розе е сигурно, и покрај тоа што нема ниту еден бод во Лигата на шампионите после пет одиграни кола.

„Верувам во стручниот штаб, верувам во Марко и во тимот. Бев јасен на оваа тема и очекувам да ги свртиме работите во наша корист“, рече директорот Марсел Шефер.

Во Германија веќе се зборуваше дека Ерик тен Хаг би можел да го наследи Розе на клупата на бундеслигашот.

Се вчитува...