Тренерот на Баерн Минхен, Висент Компани ги искажа своите очекувања од првото германско дерби за него на клупата на „Баварците“ против Борусија Дортмунд.
Компани ги коментираше зборовите на Ули Хенес, кој не ја стави Борусија Дортмунд меѓу кандидатите за титулата.
„Хенес може да зборува што сака. Имам голема почит кон него, но имам поинаков став од неговиот. Ова е најголемото дерби во Германија во последните години. Нивните навивачи секлогаш имаат улога, но јас верувам дека искуството кое го имаа играчите на Баерн Минхен ќе придонесе за добар резултат. Концентрацијата е на она што е на теренот. Подготовката е важна и сакаме да излеземе со самодоверба“, рече Компани.
Борусија ги доби сите шест натпревари на свој терен од почетокот на Бундеслигата.
„Секогаш се подготвуваме за најдобрата верзија на противникот. Нивниот тим има многу квалитет, и многу брзина на крилните позиции. Кога се во најдобрите, тогаш тие се многу добра екипа, и нема да биде лесно за нас“, рече Компани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА